Архимандрит ТИХОН
(Од „Несвети, а свети“, за старецот Натанаил)
…Но, еднаш, за момент откри скриен агол од својата душа, иако веднаш потоа брзо се сокри зад вообичаеното штедење и префрлување.
Еднаш направив нешто погрешно додека бев на послушништво. Ми се чини дека невешто ја завршив работата што ми беше доверена. Затоа, лично игуменот ми нареди три дена да го чистам снегот на плоштадот Успение. Бев многу навреден, а освен тоа снегот постојано паѓаше така што на третиот ден не само што бев уморен, туку и едвај ги влечев нозете.
Се соажалував самиот себе, а истовремено бев толку лут на целиот свет што дури и почнав сериозно да смислувам план за одмазда.
Но, како некој на мојата позиција може да му се одмазди на игуменот кога нашата положба е неспоредлива? Но, и покрај тоа, додека ја кревав снежната лопата со последните сили, во срцето и умот ја создаодв следната слика: Кога игуменот ќе оди на ручек во манастирската трпезарија, ќе помине покрај мене и тогаш веројатно остро ќе ме праша: „Како
си Георгије?“
Јас тогаш ќе му одговорам весело и безгрижно како да ги немаше тие три дена затвор: „Добро е, што не може да биде подобро, Отец Игумен! Благодарение на Вашите свети молитви!“
Па, тогаш ќе сфати дека не сум јас некој кој може толку лесно да се скрши!
Сликата на таа страшна одмазда толку многу ми го стопли срцето што расположението значително ми се подобри, иако снегот не престана да паѓа. Кога Отец Натанаил минуваше покрај мене, дури и се насмеав. Пријдов за благослов. Ми се насмевна на пријателски начин и ме благослови со крстниот знак. Се наведнав да му ја бакнам раката и тогаш одеднаш
го слушнав како строго ми зборува:
– Значи: „Добро е што не може да биде подобро, Оче Игумене! Благодарение на Вашите свети молитви!“
Како што бев наведнат да му ја бакнам раката, така и останав свиткан, како да имам ишијас. Кога најпосле решив да се исправам, го видов старецот како зајадливо ме гледа. Но, кога го забележа мојот страв, љубезно ми рече:
– Внимавај, Георгије, безобразлукот никогаш никому не донел добро!
Потоа ја закачи својата торба од милионот на рамо, а можеби и со суварките и со чкрипењето на чевлите на снегот, тргна кон манастирскиот конак. А јас збунет гледав како при секој чекор удира скинатиот ѓон од чевлите на отец Натанаил. Вистински Пљушкин, само што е свет!
И како што рече еден почитуван петроградски протоереј: „Една година во Псков-Печерскиот манастир е исто како педесет години духовни академии“.
Другата работа е како ги совладаме тие лекции…
Но, тоа е друго и, признавам, многу болно прашање.“