Џулијана Лима од Бразил објавила видео на TикТок во кое објаснува како го фатила своето момче како ја изневерува, додека пребарувала на „Гугл Мапс“ (Google Maps).
Таа објаснува како видела автомобил од компанијата „Гугл“, кој поминувал во близина на нејзината куќа и снимал за опцијата Стрит вју (Street View) и решила да провери на „Гугл Мапс“ за да види по кој пат оди автомобилот.
@julianalima.julie #chifre #traicao #googlemaps #foryou ♬ Classic classic Mozart Ainek.(898018) – Toshihiro Iwaki
На нејзино изненадување, таа го видела своето момче како вози мотор со друга девојка, па решила да ги следи. Во еден момент ги изгубила, па почнала да ги истражува околните улици.
“Помина по улицата по која ме носел и мене. Секогаш го посетувавме тој мал плоштад. Во тој момент помислив дека сум само параноична, дека не може да биде тој”, рекла таа и потоа ја покажала сцената што ја нашла на Стрит вју.
На крајот од видеото, е прикажано нејзиното момче како ја потпира главата во скутот на друга девојка на клупа, а изневерената девојка потоа откри: „Тоа беше моето момче и мојот најдобар пријател. Уништена сум“.