Земјотрес со интензитет од 4,6 степени Рихетровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на три километри од Саут Ел Монтеа во близина на Лос Анџелес.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во изминативе месеци Калифорнија долго време се бореше и со пожари.