Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот земјотрес беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми.

Земјотресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, соопшти Американскиот сеизмолошки институт.

– Регистрирани се 152 земјотреси од сите размери, изјави сеизмологот Пол Карузо, кој додаде дека областа не е густо населена.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.