Калифорнија станува првата држава во САД што ќе објави дека го третира коронавирусот како излечива болест од ендемски тип, објави синоќа гуверенерот Гавин Њусам

Таа и е една првите кои го укинаа обврзното носење маски во јавни места. 

Одлука на Њусам се гледа како значајна нова фаза во борбата на САД со коронавирусот, додека службените лица низ земјата ги укинуваат наредбите за носење маски како прв чекор кон нормализација. 

-Ја оставаме кризата позади нас и одиме во фаза каде ќе работиме да живееме со вирусот, изјави Њусам синоќа на брифинг за новинарите во Фонтана.

-Луѓето едвај чекаат да свртат нова страница. Тие исто така секаат да знаат дека ги поддржуваме, ќе ги заштитуваме и ќе бидеме први во тоа, изјави тој. 

Во меѓувреме, повеќе сојузни држави како Вирџинија, Колорадо, Конектикат или Њу Мексико деновиве го укинаа задолжителното носење маски во затворени простории или во училиштата. Некои како округот Колумбија или Алабама ставија рокови, крај на месецов, во март или во април, кога на тие наредби им истекува важноста. Државите пак како Џорџија и Флорида воопшто немаа наредби за носење маски. Во Тексас тоа беше забрането согласно закон. 

Во Калифорнија, невакцинираните лица, сепак, ќе мора да носат маски на јавни места. Округот Лос Анѓелес засега не ја применува наредбата на државата и продолжува со мандатот за носење маски во затворено. 

Според официјални здравствени лица од овие држави, САД се движат во правец кога Ковид-19 не е повеќе „постојана криза“. Федералните Центри за превенција на заболувањата (ЦДЦ) деновиве се очекува да излезат со обновени мерки за препораките за носење маски.