Калиопи ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“. Песната е комплетно авторско дело на нејзиниот композитор, текстописец, продуцент, и поранешен сопруг Ромео Грилл.
-Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна…А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби по некој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам „Пресуда“ во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград, вели Калиопи.
Песната е премиерно емитувана на „ЈуТјуб“ и социјалните мрежи, пропратена со видео спот за чија реализација беше задолжена екипата на НН Медиа.