Горан КАЛОЃЕРА

Има една држава на Балканот. Се вика Македонија. Република Македонија. Богата со се и сешто, со природни убавини, споменици, одлична храна и несекојдневни луѓе.

Оваа земја има своја историја, свој јазик, своја култура и традиција. Ја сакам таа земја, се зближив со неа, со нејзината традиција, народ, култура, ја сакам таа земја.

Но, некако, оваа земја полека исчезнува од мојата листа на држави, нејзините луѓе стануваат некаква туѓа нација и јазикот на таа нација станува дијалект на друга нација. За жал, ја убија Македонија од мојата зрела возраст, земјата во која чекорев со уживање и почит, земја во која учествував на симпозиуми за нејзината литература и култура, каде имав можност да разговарам или да им се восхитувам на нејзините најдобри мажи и жени, кои со своите приказни ми ја открија Македонија која ја засакав.

Македонија од моите зрели години, дури и мојата постара возраст исчезнува, како никогаш да не постоела. Ех моја Македонијо, секогаш те грабаа, те отуѓуваа, те угнетуваа, но ти преживеа. Пирејот ти е симбол. Опстани и не се откажувај, истрај Македонијо!