Каталонските партии кои се залагаат за независност денеска ја отфрлија преговарачката рамка предложена од централната Влада на Шпанија за решавање на сепаратистичката криза меѓу Мадрид и богатиот североисточен регион Каталонија, соопшти денеска шпанската вицепремиерка Кармен Калво.
– Групите кои се залагаат за независност не ја прифаќаат рамката што ја предложивме, изјави Калво на прес-конференција по владината седница.
Отфрлувањето на преговарачката рамка доаѓа во пресрет на гласањето за буџетот за 2019 година, што ќе се одржи следната недела, а кое, како што оценуваат медиумите, најверојатно ќе пропадне без поддршка од каталонските партии.