Европските први доселеници кои стапнале на бреговите на Америка предизвикале бран опустошување на племенските народи, причиниле насилство, краделе земја и рашириле болести, изјави денеска американската потпретседателка Камала Харис.
-Ние не треба да го игнорираме тоа срамно минато. Ние мораме да го осветлиме и да направиме сѐ што е во наша моќ да се надмине влијанието на минатото врз локалните заедници денес, изјави таа во обраќање пред Националниот конгрес на американските индијанци, најголемата организација во САД за заштита на домородните народи.
Настапот на Харис следува ден по празникот Ден на Колумбо, кој во некои делови на САД се одбележува во чест на годишнината од пристигањето на Кристофер Колумбо, и по неодамна утврдениот Ден на домородните народи.
Празникот на Колумбо во САД се слави од 1934 година, и бил воведен во потрага по историска личност која би можела да ја сплоти нацијата, составена од повеќе крупни дијаспори. Италијанската дијаспора, која тогаш била највилјатена, за таа улога го предложила Колумбо и лобирала во Конгресот да се воведе празник во негова чест.
Според некои анкети, Колумбо е трета историска личност по популарност во САД после Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн.
-Секој октомври во САД се одбележува патувањето на европските доселеници, првите Американци кои стапнале на овие брегови. Но тоа не е целосна историја, и тоа никогаш нема да биде целосната историја, изјави Харис на конференцијата.
Таа кажа дека администрацијата на Бајден треба да го преиспита Меморандумот за заемно разбирање со племенските нации кој предвидува федерална парична помош за професионална обука во племенските земји. Документот беше разгледан во 2018 година, за време на разговори меѓу 12 федерални агенции, но без учество на претставници на племињата.