Камбоџа побара од интернет гигантот Амазон да прекине со продажба на навлаки за вц-школки, простирки за во тоалет и останат пробор за бањи со фотографии од знамето на таа држава и храмови со тврдење дека тоа наштетува на угледот на државата.
Амбасадорот на Камбоџа во САД, Чум Соунру го нарече приборот за во бања „срамотен производ што сериозно ја погодува националната чест и углед на Камбоџа“. Тоа го нагласува во писмо директно до директорот на Амазон, Џеф Безос.
Амазон продаваат различни навлаки за вц-школки и простирки за бањи со фотографии од камбоџиски храмови кои се на листата на УНЕСКО за светско наследство, меѓу кои Ангкор Ват и храмот Бајон, за 20 до 30 долари.
Амбасадорот бара веднаш да биде прекината продажбата на тие предмети „бидејќи тоа го осудува целиот народ на Камбоџа“.
– Срамота е да се употребува знаме на Камбоџа како дизајн за простирка во бања, коментираше тој.