Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во главниот град Пном Пен каде открила 33 бремени девојки кои потпишале договори да бидат сурогат мајки на деца со кинески брачни двојки.
Оваа пракса беше забранета во 2016 година, но голем број девојки во сиромашната Камбоџа се уште склучуваат вакви договори со кинески двојки кои немаат деца. Четири жени од Камбоџа и еден Кинез биле уапсени за водење на оваа илегална сурогат агенција. Тие се обвинети за трговија со луѓе.
На жените, на кои не им се заканува затвор, им биле нудени по 10.000 долари за да родат бебе за кинеска двојка, при што парите ги добивале при забременувањето и потоа на месечни рати. Се смета дека 20 бебиња веќе им биле испорачани на семејства во Кина.