Академикот Владо Камбовски, кој е еден предлагачите на Законот за Јавно обвинителство, на денешната јавна расправа ја истакна неопходноста од донесување на овој закон.
Според него, тој е само дел од реформите на судскиот систем. Затоа, вели Камбовски политиката мора да наведне глава над правдата.
– Законот мора да се донесе и по цена да се одложат изборите за еден месец, што се закажани за 12 април, смета Камбовски.
Според него, земјата не може да мрдне во европските интеграции без владеењето на правото, но оти тоа е можно само со исправни закони.
Камбовски нагласува дека најважен дел од законот е што ќе биде со СЈО, кое е иако е мртво сè уште е дел од правниот систем.