Орце Камчев излезе од затворот каде помина скоро една година. Апелација прифати тој да се брани во случајот „Плацови на Водно“ од слобода. Но, нему му се одредени други мерки на претпазливост.
Судиите бараат од бизнисменот да се пријавува повремено во суд. Прифатена му е гаранцијата од скоро 11 милиони евра која ја понудил.
На 31 декември, поради влошена здравствена состојба, Камчев беше пренесен на лекување во „Систина“. Тој се пожалил на здравствени проблеми. Таму му беа правени неколку дневни испитувања.
Камчев беше во притвор поради случајот „Плацови на Водно“