„Ви благодарам на поддршката којашто ја добивме во првиот круг. На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места“, истакна Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на општина Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот настан одржан во Валандово.
Камчев истакна дека во наредните 4 години ќе се реализираат важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Валандово. Тој најави реконструкција на водоводната мрежа во сите населени места како и изградба на забавни паркови за децата во сите населени места.
„Ќе имаме можност да ја реализираме програмата, да го реализираме она што го ветуваме уште пред првиот круг, да ја реконструираме водоводната мрежа во сите населени места, да изградиме модерни забавни паркови за децата во сите населени места, да направиме еден вистински развој на општината, да ја придвижиме економијата“, вели Камчев.
Камчев им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за развој на општина Валандово.




