Бугарската фолк пејачка Камелија ја обвини Џенифер Лопез дека ја копира. Русокосата ја обвини светската ѕвезда дека воопшто не е оригинална во својот последен моден избор. Како доказ, бугарската музичка ѕвезда сподели колаж на својот сопствен профил на Инстаграм, на кој покажа дека Џеј Ло доцни 7 години – пишува бугарскиот “Telegraph.bg“.

На колажот има две фотографии – на Џенифер Лопез на гала вечерта во Њујорк од пред неколку денови и на Камелија за време на еден нејзин настап во 2012 година.

Заедничко на двете фотографии е тоа што на главите наместо коса, пејачките имаат перика од мониста.
Сепак, на колажот, Камелија напишала: „Ех, оваа Џеј Ло ништо не гледа“, па дури и ја тагнала изведувачката.

Коментарите на фановите, беа поделени. Некои ова го сфатија како шега, додека други тврдат дека бугарската пејачка си прави Пи-Ар.