По повод хаосот што се случува во македонскиот парламент проследен со нудење поткуп на пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ кој се движи и до два милиони евра, како држењето на пратеници од опозиционата партија во заложништо, преку Твитер се огласи и грчкиот министер за одбрана Панос Каменос кој напиша:

Кој би помислил дека во Европа на вредности и демократија, тој што не гласа како што му е наредено, се држи затворен, а тој што се согласува, добива бонус од 2 милиони евра црни пари. Засрамен сум!”

Патем, за тие кои ќер помислат дека каменос ова го пишува затоа што и тој е против Преспанскиот договор, вреди да напомене дека при пресметката со Никос Коѕијас, тој, за да ја добие битката, се обврза пред грчкиот премиер Ципрас дека нема да ја минира Владата ако договорот стигне во грчкиот паралмент. Со други зборови, неговата улога, кревајќи врева за тоа дека не го прифаќа договорот, всушност беше да одигра за Заев и на тој начин да не убеди дека тој договор е добар за нас.