Снимка од надзорна камера од еден аеродром во Русија стана хит на Интернет, а кога ќе ја погледате, ќе ви биде јасно и зошто.
Снимката покажува маж на аеродромот во Дагестан, како носи торба, и кога сфатил дека мора да ја стави во ренгентскиот скенер, кој ја проверува содржината на багажот, решил да влезе заедно со неговиот имот.
Видеото беше објавено од „Раша тудеј“ и беше споделено од многумина.
Објаснувањето е дека човекот „патува за прв пат”. Но, можеби содржината во торбата беше премногу вредна за да ја остави?