Пешак е повреден денеска во Автокоманда откако паднал семафор.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 13 часот.

-На бул. „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, а притоа е повреден еден пешак, велат од полицијата.

Полициски екипи вршат увид, по што се бидат познати повеќе детали.