Камионџиите кои чекаат на италијанско-словенечката граница добија вода и храна која им ја обезбеди Амбасадата на Македонија во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Една група камионџии од земјава вчера беа пропуштени, но и денеска има такви кои се уште се наоѓаат таму. Токму за да им се олесни чекањето, од нашата Амбасада во Словенија им беше однесена вода и храна, а најавено е доколку е потребно ќе се обезбедат и лекови. Камионџиите ги посети амбасадорката Сузана Зеленковска со тим од амбасадата и во разговор со камионџиите слушнаа за нивните тешкотии, а ги информираа и за процедурите во вакви случаи.

 

Инаку, овие камионџии, со други од повеќе држави се задржани на границата по одлуката на Хрватска да не пушта товарни возила кои доаѓаат од Италија, па да не се создава метеж на словенечка територија таа редуцирано и на интервали ги пропушта камионите кои транзитираат низ земјата.