Светска здравствена организација почна кампања за помош на повеќе од една милијарди луѓе да се откажат од цигарите и на тој начин ќе се намали ризикот од заразување со новиот коронавирус.
– Целта на кампањата е да им се помогне на 1,3 милијарди пушачи да се откажат од лошата навика. Во рамките на иницијативата луѓето ќе можат да се добијат неопходна помош, на пример замена за никотинот, а ќе имаат пристап и до дигиталниот доктор „Флоренс“, кој ќе дели совети, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус.
Тој додаде дека од пушење умираат осум милиони луѓе секоја година.
– И науката докажа дека пушачите се многу поранливи на Ковид-19, истакна Гебреисус.