Канада и даде азил на жена, која помогнала американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден да се сокрие во Хонг Конг откако ја објави глобалната програма за следење на САД, соопшти задржение за права на бегалсците.

Ванеса Родел и нејзината седумгодишна ќерка треба да пристигнат во Торонто, во текот на денот, редовна линија од Хонг Конг, јавува британскиот Гардијан.

Родел, по потекло од Филипините, е една од луѓето кои го криеле Снуден, поранешна припадник на ЦИА и Националната агенција за безбедност (НСА), а тој во текот на 2013 година се криел во нејзиниот стан во Хонг Конг, бегајќи од американските власти.

Таа и нејзината ќерка добија азил во Канада во јануари, но тоа беше чувано во тајност поради безбедносни причини.

Уште пет лица што му помогнаа на Снуден побарале азил, но тие сè уште не го добиле.

Канадскиот премиер Џастин Трудо одби да го коментира случајот, како и канадското Министерство за имиграции.

Родел била под притисок на властите во Хонг Конг и ѝ се заканувале со депортација на Филипините.