Канада одлучи да забрани пловидба на сите бродови за крстарење во нејзини води до 28 февруари 2022 година.
Министерот за транспорт Омар Алгабра најави дека „крузерите“ со 100 или повеќе луѓе нема да можат да влезат во канадски води.
Алгабра изјави дека забраната е воведена затоа што бродовите со голем број патници претставуваат ризик за здравствените системи.
Бродовите со повеќе од 12 лица нема да можат да влезат во водите во близина на Арктикот.
Оние што нема да ги почитуваат забраните, ќе се соочат со парични казни.