Маж од Монтреал доживеал шок откако по наговор на својата сестра исчистил плакар и во капутот пронашол лотариско ливче купено пред 10 месеци.

Грегорио Де Сантис заработил 1.35 милиони долари.

– Кога отишол да го потврди ливчето, мислел дека сумата може да изнесува 1.750 долари, изјави вработен во лотаријата во Квебек.

– Кога сфати колку добил рече дека срцето за малку ќе престанело да му работи! Сестрата на Де Сантис го советувала дека е време да го исчисти плакарот и да ја даде старата облека во доброволни цели.