Канал 5 ТВ помина голгота, нашиот главен уредник животна драма и трагедија, и ги советувавме и молевме медиумите да внимаваат. Дел од нив ни се потсмеваа зашто нашите водители носат маски во студио, реагираат од телевизијата, а шренесува Република.

„24ТВ, на 28 мај организираа дебата помеѓу Игор, а не Виктор Јанушев како што го напишале генсекот на ВМРО ДПМНЕ во текстот на нивниот сајт, и Мухамед Зекири од СДСМ, а при тоа, водителката Душица Мрѓа нема никаква заштита ниту за себе, ниту за гостите.

о овој неодговорен чин, директно се доведува во опасност себе си, своето семејство но и своите колеги, но истовремено се доведуваат во опасност и гостите поради релативно малата раздалеченост.

Канал 5 ТВ и посакува на Мрѓа и нејзините колеги да останат негативни на Ковид-19, исто така и на генсекот на ВМРО-ДПМНЕ, а на Мухамед Зекири и неговото семејство, ние како паталци, му посакуваме што поскоро да оздрават и да се вратат на нормалните активности.

За потсетување, Телевизија 24 изминатиов ден но и поголемиот претходен период постојао ги напаѓа најголемите ТВ станици, пред се кога се однесува на законските регулативи. Причината е јасна – најверојатно имаат скриен сопственик кој е сопственик и на еден друг бизнис кој според позитивните законски уредби е казнив. Но за тоа институциите набргу од понеделник ќе мора да почнат да се занимаваат.

Дополнително тие, 24 ТВ, на чело со нечесно избраниот претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски, се единствената и уникатна телевизија во светот која ги брани ставовите на кабелските оператори на дел од нив кои пиратираат странски канали, наместо замисете да си го бранат сопствениот-телевизиски бизнис.“