Кандидатите Аднан Незири и Хисни Исмаили од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од изборната единица 6 денеска имаа средби со жители на населбата Тетекс 2 во Тетово.
На оваа средба, кандидатите ја претставија програмата на коалицијата „Држава за сите“, која, како што истакнаа Незири и Исмаили, им гарантира на граѓаните радикална промена во многу области: социо-економијата, правдата, здравството, образованието и културата.
Кандидатите Незири и Исмаили ги сослушале проблемите и загриженоста на граѓаните со кои се соочуваат.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во наредните денови ќе реализираат и други средби со граѓаните. со секој граѓанин, внимателно да ги согледаат нивните проблеми, да ја претстават победничката програма која е гарант за решавање на какви било проблеми и пречки.