Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.
На прес конференцијата е најавено присуство на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на Самоопределување Беким Ќоку.
Арбен Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците. Неговата кандидатура доаѓа по расколот во Алијанса во која тој го води крилото кое се залага за опозициски настап на изборите додека поранешниот партиски лидер Зијадин Села и неговите приврзаници сметаат дека партијата треба да настапи со самостојни листи.
До сега во претседателската трка влегоа професорката Ванковска и докторот Вело Марковски. Се очекува свои кандидати да имаат ВМРО-ДПМЕ и СДСМ како и партијата на Максим Димитриевски. Големи се шансите со свој претседателски кандидат да истрча и ДУИ, а таму како најсериозен кандидат се спомнува Бујар Османи.