Преспанско пелагониската епарихија беше во центарот на православието викендов, објави битолската ТВ Тера. Канонизирањето на св. Стефанида ги собра на едно место врховните владици од Македонија, Србија, Чешка, Бугарија и Црна Гора. Со богослужбата раководеа г Порфириј од СПЦ, г Стефан од МПЦ-ОА и гг. Петар од Преспанско-Пелагониската епарихија. Одлуката на САС на МПЦ-ОА за прогласување на Света Стефанида е резултат на истражувањето на Сестринството од манастирот Св. Атанасиј во Журче, Обител на манастирот Св. Јован Претеча во Слепче. На големата свеченост во Битола беа и градоначалникот на Битола и Новаци, пратеници, делегации на верници и роднини на новообјавената светица.
„Наши ќе станат оние нејзини зборови кога за Христа вели: „Кога ќе ме занесе злото Тој ме враќа, кога тежината ќе ми отежни Господ ми олеснува, кога грешната грижа ме боли Господ ме ослободува, кога срцето и душата ќе ми се нажалат љубовта Христова ме утешува.“ И уште „Ти Христе си богатство, света слобода моја“ – силно одекнуваа зборовите од говорот на Архиепископот г. Стефан.
Ова е извадок од бројните исповедни писма кои што Светата Стефанида ги испраќала на епископот скадарски Виктор од кадешто ние денеска знаеме за светоста на нејзиниот живот за целото време на нејзиното присуство на земјата, за чудата што го направила и подвизите во своето секојдневие за да заврши со маченичка смрт заради својата посветеност на молитвите.
80 години по маченичката смрт на Стефка Ѓуриќ во Битола, родена во Влака кај Скадар, Албанија од родители православни Срби, пред православната Екумена беше објавена нејзината светост.
Ударите на клепалото го започнаа големиот ден. Литија со моштите на Светата низ улиците на градот во кој живеела и работела, велат скромно и тивко. Својот начин на живот според Бога, Христовите насоки ги пренесувала на децата во милосрдниот дом за згрижување на деца без родители пред Втората светска војна св. Никола во местото викано Богдај и кадешто за време на еден од деновите кога било потребно целосно затемнување, маченички го загубила животот. Војници влегле во нејзината трошна куќарка во која горело кандило и смртно ја претепале. Поворката ја предводеа отец Серафим и монахињите од обителта во Журче и Слепче, владици од Православната Црква, а нив ги придружуваа членови на КУД Гоце Делчев.
Набрзо се насобра и народ а црковните великодостојници ја започнаа службата исто така дело на сестринството монахињи од манастирите. Зборуваа за животот на Светата , за настаните кои се вброени во чуда а потекнуваат од сведоштвата на монахињи нејзини современици и роднините на светата Стефанида. Како онојпат во бројните патувања кон манастирот на Василиј Острошки кога се кренала силна бура, и сите во бродот биле уплашени за своите животи, а Стефанида им рекла дека Господ е со нив и дека ги штити, после што бурата веднаш се смирила и тие сите безбедно стигнале на одредницата.
Ова е времето меѓу 1935 и 1940 година, кога во своите 40ти години Св. Стефанида животот го продолжила во Дреновец, а своите причести ги правела во манастирот во Дечани. Потоа, во 1940 година отпатувала за Битола.
„И еве сега 80 години по нејзиното маченичко заминување од светот кога нејзината светост бива торжествено објавена пред православната Екумена гледаме дека и таа како и сите светии има моќ да не упатува кон Бога, има сила да ги обединува народите и да ги приближува далечините“ – зборуваше Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.
Црквата како Телото Христово ги надминува граници на времето и просторот и различните видови припаѓања затоа што припаѓајќи на Христос луѓето припаѓаат на сите, рече во своето обраќање до верниците српскиот Патријарх г. Профириј. Таков благочестив и благодатен пример е Света Стефанида.
„Станувајќи Христова ги премости сите јазови, сите разлики, го споила и тоа што понекогаш е неспоиво и покажала дека како секој Светија припаѓа не само на македонскиот народ и на српскиот народ, туку и на сите луѓе со добра волја, а најпрвин на сите православни христијани. Во благодарам што ја препознавте љубовта и верата на Света Стефанида и што неа ја дарувавте на Христовата Црква и ја откривте како Светителка, така како што ја препознале уште од најраната младост се до митрополитот Амфилохиј и сите други кои можеле да ги читаат нејзините исповедни писма“, рече патрихархот Порфириј.
За овој голем свечен чин од македонскиот народ Светата Архиепископска Литургија ја сослужуваа и Митрополитот Преспано-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар, архиепископот Михалово-кошице Георгиј, Архиепископот и Митрополит Зворничко-Тузлански Фотије, Митрополитот Крушевски – Јован Демирхисарски, Архиепископот Цетињски и Митрополит Црногорско Јоаникиј, Архиепископот и митрополит Рашко-Тузлански Теодосиј, Митрополит Терововарски г. Митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј, Епископот Климент Хераклејски Иларион Новобрдски, епископот Топлички Петар, епископот Дремвитски Давид, епископот европски Пимен и други.
Извор фото и текст: ТВ Тера