Европарламентот почнува со разгледување на извештајот за Македонија и ско бугарските политичари продолжат да „дремат“ на ист начин, не само што Скопје нема да биде принудено од Брисел да направи какви било промени во односите со Бугарија, туку ќе биде обвинета и Бугарија, вели екс бугарскиот вицепремиер и министер Красимир Каракачанов во видео-обраќање.
– Македонија има црна листа од 34 лица – бугарски европратеници, бугарски политичари, бугарски интелектуалци и историчари кои активно ја бранат историската вистина. Се потврди она што јас и моите колеги од ВМРО-БНД го кажувавме една година, дека тогашниот премиер Кирил Петков заедно со неговата советничка Весела Чернева ги предале бугарските национални интереси, вели Каракачанов.
Според каракачанов, додека тие се „занесени во нашите внатрешно-политички глупости, скандали на ПП и ГЕРБ, пропуштаме една многу важна тема, а тоа е дека деновиве на иницијатива на европски пратеници од неколку различни пратенички групи во Европскиот парламент ќе почнат разгледување на извештајот за Македонија“.
-Во конкретниов случај се работи за тотално лобирање од страна на македонската влада, и колку што можеме да и се налутиме, толку можеме да и се восхитуваме. Затоа што за разлика од бугарските влади кои до сега владееја со Бугарија и кои не вложија време, средства или став на тема Македонија, гледаме дека Скопје многу дрско, многу брутално со лагите и манипулациите типични за политиката на Скопје. Има неколку преседани во изминатите три недели што треба да ги забележиме. Прво, фактот што македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи активно ги посетуваше различните институции во Брисел, посетуваше и имаше средби со различните групи европратеници, на кои искрено, без никаков двоумење, ја клеветеше Бугарија, наведува Каракачанов.
Тој во минатото упатуваше низа критики и навреди кон македонската држава, се надоврзал и на случајот со советничката на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, за која бугарските медиуми пишуваат дека оддавала државни тајни на македонски државен службеник во однос на бугарските позиции во преговорите со Македонија за надминување на разликите.
-Дебатата вчера во парламентот го потврди она што јас и моите колеги од ВМРО-БНД го зборуваме една година, дека тогашниот премиер Петков заедно со неговата советничка Чернева ги предале бугарските национални интереси. Изјавата на првиот човек на ДАНС ги потврдува нашите обвинувања од пред повеќе од една година дека кабинетот на бугарскиот премиер наместо да го брани бугарскиот интерес, доставил доверливи информации до земја која води непријателска и антибугарска политика, вели Каракачанов, пренесува бугарската национална агенција БТА.