Секој нормален човек што прочитал повеќе од пет страници од историјата, знае дека не постои македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
Проблем за Каракачанов сега е и тоа што во Македонија немало бугарски медиуми за да ја шират пропагандата на Бугарија.
– Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се прошири, вели Каракачанов.