Универзитетската професорка Тања Каракамишева денеска упати прашање до МВР да се разјасни дали е точно дека секој ден од Македонија, во просек, се одјавуваат по 70 државјани поради заминување во странство.
Каракамишева прашањето го упатува до МВР со можност на истото да одговори министерот Оливер Спасовски:
– Би сакала некој од МВР, по можност лично министерот, да одговори дали се точни информациите дека во просек по 70 македонски државјани секојдневно го одјавуваат своето живеалиште во МКД поради заминување во странство за подолг период, иако е јавна тајна дека заминувањето е трајно?- гласи прашањето упатено преку Твитер.