Не ни треба уште еден правен јавашлук, истакнува проф. Тања Каракамишева во врска со најавите дека е можно прогласување вонредна состојба предвидена со Уставот.
Проблемот, според Каракамишева, е што немаме закон за вонредна состојба кој би требало да ја операционализира уставната одредба за вонредна состојба. Оттука, таа предлага прогласување кризна состјба на целата територија на Република Македонија, барање кое го истакна и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.