Во организација на Карате федерацијата на Македонија, викендов во Скопје се одржа Државното првенство за сениори со учество на 29 клубови и 105 натпреварувачи, во машка и женска конкуренција, во дисциплините борби и кати.

Победници по категории:
Борби – мажи:
-60кг. Абдурахим Идриз (Макпетрол – Скопје)
-67 кг. Давид Петков (Макпетрол – Скопје)
-75 кг. Доан Османи (Фати – Тетово)
-84 кг. Петар Спасеновски (Макпетрол – Скопје)
+84 кг. Вегим Мурати (Шкендија – Тетово).

Борби – жени:
-50 кг. Сара Радичевска (Макпетрол – Скопје)
-55 кг. Симона Заборска (Макпетрол – Скопје)
-61 кг. Моника Пендаровска (Макпетрол – Скопје)
-68 кг. Ангела Мојсовска (Макпетрол – Скопје)
+68 кг. Симона Симовска (Олимпик Спорт 2007 – Скопје).

Екипно борби – мажи: КК „Штип“ – Штип.
Екипно борби – жени: КК „Макпетрол“ – Скопје.
Кати – мажи: Неделковски Александар (Металург – Скопје).
Кати – жени: Пулексенија Јованоска (Фунакоши Гичин – Скопје).
Екипно кати – жени: „Сансаи Метал Апостолов“ – Кавадарци.
Екипно кати – мажи: КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје.

Специјален гостин на првенството беше јапонскиот амбасадор Н.Е. Хиронори Савада, кој со својата сопруга ги следеше финалните борби.

– Среќен сум што Карате федерацијата на Македонија се грижи за зачувување и негување на јапонската традицијата и култура и тоа го прави на исклучително високо ниво во каратето, изјави Савада.

 

Амбасадорот Савада му врачи плакета на претседателот на КФМ Горан Милковски, во знак на благодарност и соработка. Во име на Карате федерацијата на Македонија, на амбасадорот Савада му беше врачена плакета – симбол на вечноста, со порака таа соработка да се продлабочува и да остане засекогаш.