Тренерот на карате клубот Макпетрол е задоволен од постигнатите резултати на Државното првенство за сениори одржано викендот во Скопје.
Макпетрол освои вкупно 13 медали – 8 златни, 2 сребрен и 3 бронзени.
– Оваа година покажавме максимална доминација во сите тежински категории во поединечна конкуренција, но и во екипните настапи. Од вкупно 12 златни медали колку што можат да се освојат на првенството ние како клуб имавме девет финалисти, а успеавме да освоиме осум златни медали. Тоа е резултатски најголем број на златни медали од постоење на карате клубот Макпетрол а тоа се 25 години во врвот на македонското карате, изјави Заборски.
Каратистите на Макпетрол во следниот период ќе се подготвуваат за настапот не Европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Хрватска.