Досега највисок претставник на Ватикан е прогласен за виновен заради сексуални дејствија врз деца во Австралија.
Кардиналот Џорџ Пел (77) е едногласно прогласен за виновен од судска порота во Мелбурн дека блудничел во 1996 година со две 13-годишни момчиња во мала соба во мелбурнска катедрала Св. Патрик кога бил архиепископ. Претходно им дал да пијат вино од црковен сад.
Судот во државата Викторија го прогласил за виновен кардиналот на 11 декември минатата година, но дури до денеска имало судска забрана за објавување на какви било детали од процесот.