Лидерката на германската Христијанскодемократска унија, Анегрет Крамп-Каренбауер, која се смета за можна идна канцеларка, беше на удар на критики заради шеговити забелешки за интерсексуалците.
-Тоалетите за трет пол „се за мажи кои уште не знаат дали треба да седат или да стојат додека уринираат“, нагласи таа во сатиричен коментар на карнавалски празнувања.
Во изјавата таа ја нарече владата во Берлин како „меки пијачи на лате-макијато“.
Нејзините изјави беа пресретнати со смеење од публиката што се собра во југозападниот дел на градот Штоках во четвртокот навечер. Но, видео-запис од нејзините изјави предизвика расправа во викендот.
Во 2015 година таа беше на „пик“ поради слични изјави кога рече дека геј браковите се како инцест. Од јануари Германците имаат право да се регистрираат како припадници на „трет пол“.