Новинарот Такер Карлсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен на компромис за Украина.
Минатата недела Карлсон беше во центарот на вниманието на светските медиуми откако го интервјуираше Путин.
Зборувајќи за своето интервју, Карлстон на Светскиот владин самит во Дубаи рече дека верува оти Путин е подготвен на компромис.
„Имавме неформален разговор по интервјуто. Да се биде лидер на која било земја на оваа планета, освен можеби САД, ги принудува да најдат компромис. Тоа е она што ние го нарекуваме дипломатија. И тој (Путин) е меѓу нив“, рекол Карлсон.
– Путин сака да излезе од оваа војна. Нема да станат поотворени за преговори ако војната трае подолго. Индустрискиот потенцијал на Руската Федерација се покажа многу посериозен отколку што мислевме. Земјата што ја нарекувавме „бензинска пумпа со нуклеарно оружје“ произведува проектили и гранати за разлика од НАТО – рекол новинарот.
Да потсетиме, Путин во интервју за Карлсон рече дека Русија никогаш не одбила дијалог за Украина, но дека по прекинот на преговорите во Истанбул во март 2022 година, нема да го направи првиот чекор.