По три часа прекин, во Општина Карпош повторно е воспоставено снабдувањето со електрична енергија. Поради испад на трафостаница „Запад“, поголемиот дел од населбите во општината останаа без струја.
Без електрична енергија беа Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
„Испадот на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад” предизвика привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш реагираа и успеаја да ја отстранат причината, враќајќи ја струјата во поголемиот дел од погодените области“, соопштија од ЕВН.