Голема група мигранти од Централна Америка која патува низ Мексико кон САД, пристигна во Мексико Сити каде најде засолниште на стадион, каде локалните власти поставија полски кревети, храна и лекови.
Групата мигранти е составена од над илјада жители од неколку централноамерикански држави.
Мигрантите пристигнаа во Мексико Сити, кој е оддалечен околу 500 километри од најблиската граница со САД. Првиот караван мигранти тргна пред четири недели од Хондурас.
Илјадници мигранти се движат во неколку групи од Вера Круз, од Пуебло и од Чиапас.
САД врши притисок врз мексиканските власти да го запрат напредувањето на мигрантите, поради што претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието им понуди на мигрантите привремени документи за идентификација и работа доколку се пријават за азил во мексиканските држави Чиапас и Оаксака.