Договоривме да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на Беса, Билал Касами по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– Цело време опстојуваме на тоа дека по ова што се случи со недобивање на датум за преговори, Северна Македонија и граѓаните на Република Северна Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат. Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори, рече Касами.