Коалицијата „Можеме”, е таа која што успеа да ја направи Македонија членка на НАТО и сега секако во овие четири години ќе бидеме целосно посветени за да ја приближиме  земјата што повеќе до Европската унија, вели за МИА претседателот не Движењето Беса, Билал Касами. Нивната цел, како што истакнува Касами, е во текот на следните четири години Владата да отвори 80 проценти од поглавајата за пристапување во ЕУ.

– Со ова, сигурни сме дека не само формално, туку и реално ќе го подобриме животот на граѓаните на тој начин како што  успеавме да обезбедиме стабилност на економијата на земјата, со тоа што ја направивме Македонија членка на НАТО и кога сум тука сакам да појаснам пред јавноста дека Движењето Беса од опозициската позиција успеа да има одлучувачки глас за тоа, потенцира Касами.

Целта на стапување на предизобрна коалиција со СДМС, според Касами, не е освојување повеќе гласови, туку соединувањето во еден глас околу понатомошното патување на Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.

– Двата гласа на Движењето Беса од опозиција беа клучни за Македонија да ги реализира уставните промени каде ние воведовме и некои прашања за Албанците и се договоривме со СДСМ во и личните карти да биде наведена и етничката припадност, во овој случај албанска припадност. Ова беше тоа што не потикна дека и покрај големи противења меѓу нас и СДСМ, ние оценивме дека со СДСМ може да го реализираме тоа за што ќе се договориме, затоа што од друга страна беше можноста, опцијата да се врати уште еднаш владењете меѓу ВМРО и ДУИ, нешто што не го посакуваат Албанците. Најмногу, во ова коалиција сме заради финализирање на процесот на интеграција во ЕУ, рече Касами.

Воедно тој најавува дека во мандатот што престои тие ќе бидат посветени и Македонија да биде поврзана со автопатишта со двете соседни земји Албанија и Косово, на ист начин како што е поврзано со Србија и Грција.

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, во интервјуто за МИА кое ќе биде објавено утре, зборува и за иницијативата на ДУИ за премиер Албанец. Во однос на оваа прашање, Касами смета дека самата идеја и концепт кој го презентираше ДУИ за премиер Албанец, е потценувачки, имајќи предвид дека во изминатитре 18 години од кога е ДУИ на власт, корумпираните функционери и меѓуетничките тензи биле заштитен знак на оваа партија.