Лидерот на БЕСА, Биљал Касами коментирајќи ја неодамнешната изјава на Али Ахмети токму во студиото на Клик Плус во ТВ21 каде повикува албанската опозиција да се обедини, рече дека сега тоа е остварено.
„Долгогодишната демократска потреба на Албанците да опозицијата се обедини и се формираат два политички блока, а не да бидат „распарчени“ се оствари, и покрај напорите на другите секогаш да работат против таа идеја, рече Касами.
Исто така тој рече дека соработката помеѓу партиите и движењата на опозицијата се базира на вредности, а не соработка за власт.