Движењето Беса е подготвено да соработува со Алијансата за Албанците, само ако таа остане во опозиција до следните парламентарни избори, кога и да се одржат. Билал Касами вели дека ако Алијанса одлучи да стане дел од Владата, не може да смета на предизборното партнерство на Беса, пренесува Алсат.

„Ако зборуваме за опозициска соработка, зборуваме за опозициски партии. Секоја партија што е во Владата не може да тврди дека ќе имаме опозициска соработка. Подготвени сме за опозициска соработка со сите сили кои имаат за цел политичка ротација и во албанскиот кампус“, вели Касами.

Вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците Таравари, ги отфрли гласините дека ќе станат дел од Владата. Од друга страна, лидерот на Беса, Билал Касами, истакна дека неговата партија нема да биде дел од оваа Влада под никакви услови.

„Ја разбираме состојбата во која се наоѓаат, се до партискиот конгрес. Веруваме дека одговорот ќе биде позитивен и ќе имаме опозициска соработка. За Движењето Беса оваа Влада е неуспешна и мора што поскоро да имаме предвремени парламентарни избори, за да може да се изрази волјата особено во албанскиот блок“, додава Касами.

Лидерот на Движењето Беса изрази подготвеност за соработка и со Алтернатива, ако таа оди во опозиција како резултат на евентуални промени во актуелното парламентарно мнозинство.