„Ние сме подготвени да работиме за албанците, тие треба да бидат подготвени да одат в затвор! Коалицијата ВРЕДИ ја донесе енергијата и желбата за работа, која недостасуваше со години во централната власт – изјави претседателот на движењето БЕСА Билал Касами на одбележувањето на 100-те дена Влада.
Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ ја цитира изјавата на Касами кој вели дека ВРЕДИ како дел од владината коалиција ги надминале недостатоците со цел да допрат до секоја албанска населба заборавена во минатото.
„ВРЕДИ е дел од владата, за да ја подобри економијата, за да донесе реформи во образованието и здравството, заради развој на инфраструктурата и подобрување на меѓународните односи. Ние сме подготвени да работиме за Албанците, а тие треба да бидат подготвени да одат во затвор“ – изјавил Касами.