Посакувам да бидам достоен за наследството што ми го предаде Ципрас. Одиме напред, рече новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис по средба со неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас,јави дописничката на МИА од Атина.
По вчерашниот втор круг на изборите за лидер на СИРИЗА и победата на Каселакис , стариот и новиот претседател на партијата се сретнаа денеска во канцеларијата на Ципрас во грчкиот Парламент.
Ципрас го посоветува неговиот наследник да ужива во првите денови, бидејќи како што рече, за оние кои влегуваат во политиката „радостите не се изобилни, а тешкотиите континуирани“.
-Треба да дадеме надеж и перспектива со единство, истакна Ципрас на почетокот од средбата. (МИА)