Легендарниот шпански голман Икер Касилјас денеска објави статус на Твитер во кој порача дека е геј, а половина час подоцна реши да го избрише твитот, по што „АС“ објави зошто Шпанецот се решил на таков потег.
Статусот на Касилјас предизвика голем број реакции од фановите, но и медиумите веднаш ја објавија неговата порака, по што „АС“ откри дека голманот намерно направил такво нешто затоа што се борел против лажните вести кои постојано го поврзуваат со разни жени.