Познатиот шахист и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Гари Каспаров, на Твитер го искоментира преминувањето на хрватски „Агрокор” во рацете на руските банки.
Каспар на неговиот Твитер профил, кој го следат 434.000 луѓе, напиша:
-Банки контролирани од Кремљ презедоа половина од најголемиот хрватски малопродажен ланец два дена пред големиот натпревар Хрватска – Русија. Верувам во случајност, но исто така верувам во КГБ, напиша Каспаров.
Вчера, на најголемиот судски случај во историјата на независна Хрватска, Агрокор се согласи контролата на најголемата приватна хрватска компанија да биде преземена од две руски банки контролирани од Кремљ-Сбербанк и ВТБ банка.
Подоцна, Каспаров на истата тема напиша: „Да ги оставиме фудбалските заговори, но запомнете дека секоја руска банка, компанија или олигарх му служи на Путин. Врските се секогаш тука, дури и ако се невидливи на почетокот”.