Шпанската полиција соопшти денеска дека пукала во маж вооружен со нож, кој се обидел да изврши напад на полициска станица во Каталонија.
Регионалната полиција Мосос објави на својот налог на Твитер дека мажот влегол во полициска станица во Каталонија некаде по 4 часот утрово по локално време „со цел да нападне службеници“, по што бил застрелан.
Засега не е познато дали напаѓачот починал, а портпаролот на полицијата изјави дека не може да открие повеќе детали за инцидентот.