Нов еколошки пловечки хотел може да произведува сопствена електрична енергија, така што се врти додека гостите се опуштаат на него.
Изумот е на Архитектонското студио „Хаири Атак“ (ХААДС). Структурата е целосно подвижна – може да се движи од едно место до друго и никогаш да не биде во постојана местоположба. Изградбата на овој брод-хотел почна март 2020 година, а архитектите се трудат тој да почне со работа до 2025 година. Ќе биде сместен во Катар, но има потенцијал и за други области поради неговата подвижност.
Дизајнот вклучува минимална потрошувачка на енергија и нула емисии на штетни материи. Бидејќи ќе работи цел ден, ќе произведува електрична енергија за напојување на целиот хотел. Но, гостите нема да имаат вртоглавица, бидејќи за 24 часа хотелот се врти за 360 степени. Пловечкиот хотел ќе биде во области со континуирана струја за да може да ротира.
Овој вид производство на енергија се нарекува „вавтау“ (ветерна турбина со вертикална оска и покривка). Но, структурата ќе користи и дождовница за да генерира енергија.
Вкупната површина на бродот е околу 35.000 квдратни метри и има 152 соби. Ќе има и затворени и надворешни базени, сауна, спа центар, вежбалница, мини-голф и други рекреативни активности.