Катарина Ѓорѓевиќ ја доби првата битка. На 27 Февруари нема да почне да ја издржува три месечната затворска казна.
Судот ја зема во предив нејзината состојба и ја одоложи затворската казна. Од кривичниот суд за Канал 5 велат дека побарале од Катарина да го докомплетира барањето по што судијата ќе изврши увид и ќе донесе нова одлука. Катрина е среќна што останува со нејзиниот шест годишен син, а нејзиниот син Андерас се уште не веруваше дека мајка му е покрај него.
26 годишната жена вели дека мора да се има предвид дека и многумина како неа не знаат што се судски постапки и жалби и не реагирале веднаш. Таа мислелеа дека е доволно да и каже на полицијата дека причина за прекршување на полицискиот час е дефектот на автомобилот, но не и дека треба да поднесе жалба до судот. За неа навистина е потребно собранието да го донесе Закон за амнестија, бидејќи тие луѓе ќе мора да одлежат затворски казни.
По објавените стории на Канал 5 став и од кабинетот на претседателот Пендаровски.
„Иницијативата за систематското решавање на проблемот преку Законот за условна амнестија потекна од претседателот Стево Пендаровски, а неговиот кабинет беше вклучен и во изработката на предлог законот. На овој начин се решава проблем на поголем број наши граѓани кои се во социјален ризик“.
Канал 5 од извори на собрание доби потврда дека Законот за условна аменстија многу скоро ќе влезе во процедура.