Во налетот на циклонот „Фреди“ во Малави загинаа 326 лица, соопштија синоќа локалните власти за новиот биланс на жртви и додадоа дека од крајот на февруари од него загинале повеќе од 400 лица.
-Бројот на загинати во катастрофата се зголеми од 225 на 326 жртви, бројот на раселени лица е повеќе од двојно зголемен, надминувајќи 183.000 во Малави, изјави претседателот Лазарус Чаквера, кој го посети југот на земјата што беше погоден од циклонот.
Истовремено во Мозамбик загинаа 73 лица, додека во Мадагаскар уште 17.
Циконот „Фреди“, формиран на почетокот на февруари покрај брегот на Австралија, досега мина над 8.000 километри од исток кон запад во Индискиот Океан.
Првпат удри на копното на 21 февруари на источниот брег на Мадагаскар.
Тропските бури и циклони се редовна појава неколку пати годишно во југозападниот дел на Индискиот Океан, за време на сезоната на урагани, што трае од ноември до април.